Болдер карпа

 

Болдербар преставува концепт на модерен спортско качувачки центар наменет за болдер качување.

При изработката на болдер карпите ги пратевме трендовите на врвните болдер карпи кои се користат на светските купови во болдер , идеални за врвни тренинзи и натпревари. Поставивме и потполно рамна болдер карпа на која има фаќалишта за почетници, за деца, но и за тренинг за издржливост.

За да биде уште поинтересно, во салата поставивме "MOON BOARD" карпа на која преку мобилна апликација имате можност да искачувате насока направена од врвните светски качувачи . Откако ќе си креирате профил на веб страната http://www.moonboard.com/ , преку вашиот мобилен телефон си одбирате од насоките направени од качувачи од целиот свет .Апликацијата нуди повеќе од 8.000 болдер насоки, со дополнителна можност за подесување на фаќалиштата за да ја постигнете посакуваната тежинска оценка на насоките .

За фитнес тренинзи направивме:

КАМПУС табла за јакнење на прстите и постигнување максимална силова издржливост. Се состои од  даски со различна дебелина (2см, 2.5см, 3см) големи и мали полутопки, како и рамни, вертикално поставени гредички кои ги нарековме "Кадина кампус" и

ФИТНЕС тераса кое се состои од повеќе фитнес реквизити и справи за маскимално загревање како и истегнување пред и по тренинг качувањето.

Сѐ на сѐ, Болдер вежбалната нуди вештачка карпа со работна површина од 147м 2 .

 

ЦЕНОВНИК НА ВЛЕЗНИЦИ:

 

ДНЕВНА

МЕСЕЧНА

(неограничен број влезови)

 

ПАКЕТ

10 влезници за период од 3 месеци.

 

ВОЗРАСНИ над 23 год.

 

350 ден.

 

2.400 ден.

 

3.100ден.

 

МЛАДИ

до 23 год.

 

300 ден.

 

2.100 ден.

 

2.700 ден.

 Членови

(на спортско качувачки клуб при МСКФ )

 

300 ден.

 

1.800 ден.

 

 Членови до 23 год.

(на спортско качувачки клуб при МСКФ)

 

250 ден.

 

1.500 ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОНУДИ:

* ПОЧЕТЕН КУРС за Спортско Качување = 12.000 денари / 10 часа од 90 мин.
- прочитај што вклучува курсот: https://bit.ly/2OssWzg 


* КУРС ЗА ОСНОВИ НА КАЧУВАЧКА ТЕХНИКА за возрасни = 3.500 денари / 5 часа од 90 мин.

* КУРС ЗА НАПРЕДНА КАЧУВАЧКА ТЕХНИКА за возрасни = 4.500 денари / 5 часа од 90 мин.

* СЕДУМДНЕВЕН КУРС ПО КАЧУВАЊЕ НА ПРИРОДНА КАРПА повеќе информации тука: Кратки Курсеви за качување во Македонија.docx

* МЕСЕЧНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА за деца од 6 до 17 год. = 2.000 денари / 2 + 1 часа неделно од по 90 мин.

* МЕСЕЧНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА за возраст од 18 год. нагоре = 3.000 денари / 2 + 1 часа неделно од по 90 мин. 
- припрема и учество на натпревари, посета на природна карпа, качување со јаже на вештачка карпа

* ГРУПИ од минимум 10 посетители = 10% во зависност од секоја категорија влезници

* ИНДИВИДУАЛЕН ЧАС СО ИНСТРУКТОР - 60min = 200 ден (ЗА ДЕЦА ДО 17 год) / 300 ден (ЗА ВОЗРАСНИ);

* РОДЕНДЕНИ - изнајмување на простор во период од 2 часа