Бoлдер бар

Кафетеријата во Болдербар е пријатно место за освежување пред, за време или по тренингот. 

 

РОДЕНДЕНИ, ЗАБАВИ и ТИМ БИЛДИНГ

Болдербар нуди можност за организирање на забави од различен тип.

ДЕТСКИТЕ РОДЕНДЕНИ во Болдербар се замислени да бидат од спортски карактер, на кои децата ќе се искачуваат на детската карпа и ќе освојуваат должини и височини низ игри и квиз, водени од спортски качувач - инструктор. Кафетеријата е одлично место за музичка забава.

И ВОЗРАСНИТЕ можат да прославуваат родендени во Болдербар, класични забави, но и во комбинација со организирано качување за своите гости и пријатели.

Во Болдербар предвидено е и организирање на ТИМ БИЛДИНГ активности за фирми, компании, спортски друштва, здруженија итн. За секој од овие настани, тимот на Болдербар ќе креира единствен спој од качувачки игри, мозаик игри, натпревари и слично, кои вклучуваат качување на вештачка карпа, одење по јаже, спуштање по јаже, Зип линија, итн.