Болдер карпа

 

Болдербар преставува концепт на модерен спортско качувачки центар наменет за болдер качување.

При изработката на болдер карпите ги пратевме трендовите на врвните болдер карпи кои се користат на светските купови во болдер , идеални за врвни тренинзи и натпревари. Поставивме и потполно рамна болдер карпа на која има фаќалишта за почетници, за деца, но и за тренинг за издржливост.

За да биде уште поинтересно, во салата поставивме "MOON BOARD" карпа на која преку мобилна апликација имате можност да искачувате насока направена од врвните светски качувачи . Откако ќе си креирате профил на веб страната http://www.moonboard.com/ , преку вашиот мобилен телефон си одбирате од насоките направени од качувачи од целиот свет. На "moon boardot" секогаш ќе качувате нешто ново и сами ќе си ја потврдите вашата качувачка подготвеност . Апликацијата нуди повеќе од 8,000 болдер насоки, со дополнителна можност за подесување на фаќалиштата за да ја постигнете посакуваната тежинска оценка на насоките .

За фитнес тренинзи направивме:

КАМПУС табла за јакнење на престите и постигнување максимална силова издржливост. Се Состои Од  даски со различна дебелина (2см, 2.5см, 3см) големи и мали полутопки, како и рамни, вертикално поставени гредички кои ги нарековме "Кадина кампус" и

ФИТНЕС ЌОШЕ кое се состои од повеќе фитнес реквизити и справи: висечки топки, вратило, карики, топка за пилатес, јажиња за скокање, јога коцки, рачки за склекови, итн.

С ѐ на с ѐ, Болдер вежбалната нуди вештачка карпа со работна површина од 130м 2 , потоа 6м 2 кампус табла и катче од 10-ина м 2 фитнес дел.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ / WORKING TIME

Понеделник / Monday

од 10.00 до 15.00 и

од 17.00 до 22.00 часот

Вторник / Tuesday 

од 10.00 до 15.00 и

од 17.00 до 22.00 часот

Среда /  Wednesday 

од 10.00 до 15.00 и

од 17.00 до 22.00 часот

Четврток /  Thursday

од 10.00 до 15.00 и

од 17.00 до 22.00 часот

Петок /  Friday

од 10.00 до 15.00 и

од 17.00 до 21.00 часот

Сабота / Saturday

18.00 до 21.00 часот

Недела / Sunday

Само за организирани родендени / only for birthday parties

 За време на Државни и национални празници, Болдербар не работи! On the official public and national holidays, the Boulderbar is closed! 

ЦЕНОВНИК НА ВЛЕЗНИЦИ:

 

ДНЕВНА

ПОЛУДНЕВНА

10.00 до 16.00 часот

МЕСЕЧНА

(неограничен влез во еден месец)

3 МЕСЕЧНА

(неограничен влез во период од три месеци)

ПАКЕТ 10 влезници за период од една кал.година

6 МЕСЕЧНА

(неограничен влез во период од              6 месеци)

ГОДИШНА

(неограничен влез во 12 месеци)

ВОЗРАСНИ над 23 год.

250 days.

200 ден.

1. 750 ден.

4.200 ден.

2.250 ден.

7.300 ден.

12 .600 ден.

МЛАДИ

до 23 год.

200 ден.

150 ден.

1.400 ден.

3.400 ден.

1.800 ден.

5.800 ден.

10.000 ден.

ДЕЦА

до 6 год.

150 ден.

80 ден.

1.050 ден.

2.500 ден.

1.350 ден.

4.400 ден.

7.600 ден.

Членови

200 ден.

150 ден.

1.400 ден.

3.400 ден.

1.800 ден.

5.800 ден.

10.000 ден.

Членови млади 6 до 23 год .

150 ден.

80 ден.

1.050 ден.

2.500 ден.

1.350 ден.

4.400 ден.

7.600 ден.

СЕМЕЈНА

2 возрасни со своите деца до 18год.

500 ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОНУДИ:

* ПОЧЕТЕН КУРС за Спортско Качување = 6,000 денари / 10 часа од 90 мин. (со вклучена влезница)
- прочитај што вклучува курсот: https://bit.ly/2OssWzg 


* Само ОСНОВИ НА КАЧУВАЧКА ТЕХНИКА за возрасни = 3,500 денари / 5 часа од 90 мин. (со вклучена влезница)

* Само НАПРЕДНА КАЧУВАЧКА ТЕХНИКА за возрасни = 4,500 денари / 5 часа from 90 мин. (со вклучена влезница)

* МЕСЕЧНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА за деца од 7 до 15 год. = 2.000 денари / 2 + 1 часа неделно од по 90 мин. (со вклучена влезница)
- со можност: припрема и учество на натпревари, посета на природна карпа, качување со јаже на вештачка карпа

* МЕСЕЧНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА за возраст од 16 год. нагоре = 2.500 денари / 2 + 1 часа неделно од по 90 мин. (со вклучена влезница)
- припрема и учество на натпревари, посета на природна карпа, качување со јаже на вештачка карпа

* ГРУПИ од минимум 10 посетители = - 20% во зависност од секоја категорија влезници

* ИНДИВИДУАЛЕН ЧАС СО ИНСТРУКТОР - 60min = 200 ден (ЗА ДЕЦА ДО 14 год) / 300 ден (ЗА ВОЗРАСНИ);

* РОДЕНДЕНИ - изнајмување на простор во период од 2 часа