Курсеви за качување

Почетен курс за спортско качување
Те интересира качувањето, но не си доволно упатен и запознаен со качувањето, каде и како да започнеш?
Целта на почетниот курс е да им овозможи на учесниците безбеден, информативен и разоноден курс за спортско качување. Курсот е дизајниран за луѓе кои првпат се сретнуваат со спортското качување и немаат познавање од него.  
Курсистите мора да имаат полни 16 години. 

На курсот инструкторот ќе ви ги презентира и демонстрира следниве работи:
1. Правилно користење на појасот
2. Правилно правење и наврзување на чворот “8“
3. Правилно и безбедно обезбедување со алатка за обезбедување
4. Правилно користење на качувачка комуникација
5. Проверка со партнер
6. Водење лесна насока (качување на насоката како прв со вкопчување јаже)
7. Соодветно и безбедно вкопчување на комплет при водење во насока
8. Правилно и безбедно преврзување на крај од насоката (на сидриште)

Исто така, ќе ви бидат презентирани: 
1. Преставување на спортското качување
Историјат на спортското качување во светот и во Македонија
Концепт на качувањето
Традиционално качување
Спортско качување
Болдеринг
Во водство и „Топ Роп“ качување

2. Преставување на опремата за спортско качување (нејзино користење, чување и замена)
3. Чворови (јазли) - “8“, полулагерски, лагерски и прусиков. 
4. Обезбедување - техника со алатки како Гри Гри, реверсо и полулагерски чвор
5. Основна техника на качување
Користење на тип фаќалиште - пинч, на триење, подфат, странично, слопер, џеб
Користење на тип газиште - ивица,  на триење, смена на нога 
Основни делови на вештачка карпа - ќош, превис, плафон (таван)

6. „Топ Роп“ и качување „Во водство“
7. Падови - безбедно и динамичко спречување пад, подавање јаже како и кога, 
8. Преврзување на сидриште
9. Преглед на курсот
 

Напреден курс за спортско качување
Овој курс е наменет за спортски качувачи кои сакаат да го надополнат своето почетничко искуство со напредна техника, натпреварувачка техника, а со тоа ќе можат да напредуваат во спортското качување. 
Услов за посетување на курсот е да можат да качуваат насока со тежина 6а во водство. 

ДЕТСКА ШКОЛА
Тренинзи за најмладите
Сигурно се прашувате кој спорт би одговарал за вашето дете. Ги гледате често својот син или ќерка како се качуваат по дрва, како се префрлаат од столица на маса без да го допира подот, се качуваат и скокаат од мебелот или се качуваат по рамката на вратата? Имаме предлог за вас.
Одењето и трчањето се дел од нашите природни секојдневни движења. Така е и со спортското качување. Тоа е еден од малкуте  спортови, за кои човекот е подготвен уште од самото раѓање. 
Од таму, ние сме подготвени да го внесеме вашето дете во тајните на спортското качување, со тренинзи 3 пати неделно, на кои ќе го научиме сѐ за овој спорт, колективното однесување и спортскиот дух. Истовремено како богата форма на активност детето ќе ги развие моторните вештини, емоционалната стабилност, способност за работа во групи, дружење со врсници итн. 
На тренинзите се учи од основна до напредна техника во спортско качување, силова издржливост, опрема и нејзина правилно користење, како и подготовка за учество во натпреварите во спортско качување во Македонија и надвор од неа. 
Доколку има интерес, ќе се организираат и посети на качувачки локалитети во Македонија и искачување на природна карпа. 


НАПРЕДНИ ТРЕНИНЗИ

Си ги поминал основите на качувањето, но сакаш да се надградиш со сила, техника и да дојдеш до вистинската форма?
Или си искусен планинар или алпинист, со желба за правилен напредок и достигнување повисока оцена во качувањето ?

Нашите качувачки програми се целосно посветени за вас и вашето усовршување. Нашето долгогодишно знаење ќе ви го пренесеме на најдобар можен начин, за да напреднете и да качите повисока оценка. 
Ќе ви ја подигнеме мотивацијата и ќе ве натераме да ги направите и најтешките вежби кои се предуслов за подобро качување, а истовремено ќе работиме на вежби за техника која пак е база за напреден качувач. 

Нашиот начин и предности се:
Сите наши програми ги водат искусни спортски качувачи и активни инструктори, кои поседуваат доволна мотивација и знаење и вас да ве мотивираат и водат. 
Во контакт сме со луѓе од светот на спортското качување со кои ги делиме, споредуваме и усовршуваме нашите знаења и напредоци.
Целта на секоја вежба е ваш напредок и заслужено задоволство по неа.
Интензивноста на секоја вежба константно се прилагодува за секој поединец.
Сите вежби се прават на вештачката карпа, односно преку качување се дозира вежбата која ќе придонесе за развој на оној дел кој ви е најслаб во моментот.
И на крајот свесни сме дека, тука сме за вас!

Прирачник за спортско качување: https://bit.ly/2OssWzg